Првата дама на Франција Карла Бруни доби статуетка инспирирана од нејзиниот лик на кој јасно се гледа нејзината бременост. Сопругата на францускиот претседател Никола Саркози сеуште не ја потврдила службено среќната вест, но во јавноста се појави со видливо заoбленото тело, а за нејзината бременост потврди и нејзиниот татко.
Покрај Карла, италијанскиот уметник од Неапол, Џини Ди Вергилио во минијатурна варијанта го прикажа францускиот претседател кој позира заедно со сопругата. Фигурите на претседателскиот пар се наменети за продажба.