Старлетата Katie Price, во јавноста позната како Jordan имала сообраќајна несреќа во која за малку не го загубила животот. Таа била во својот автомобил, кој во моментот на несреќата бил управуван од нејзиното момче Leonardo Penn.
Тие наишле на коњи на патот, и било невозможно да направат нешто како би ја избегнале несреќата. Таа изјавила дека сеуште не е свесна како дошло до тоа и дека е вистинско чудо што се живи по таква несреќа.