Кејти Холмс љубоморна на Бекамица! И таа си стави тетоважа! :)

26 август, 20110
katie holmes 4

Не можеше да ја сокрие љубомората кога Викторија Бекам ја одбележа 10 годишнината со нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, со прекрасна тетоважа на нејзиниот рачен зглоб.

Како што стојат работите, Кејти Холмс за кратко време си обезбедила една слична.

Актерката беше забележана при пристигнувањето во Digital Domain Studios со нова тетоважа во вид на два паралелни синџири околу нејзиниот зглоб. Значењето на тетоважата е секако има врска со нејзината поврзаност со нејзиниот сопруг Том Круз. Кејти беше импресионирана од тетоважата на Викторија чија порака гласеше: „Заедно, Засекогаш, Вечно“. Викторија ги тетовираше овие зборови на Хебрејски на внатрешната страна на нејзиниот зглоб во 2009 година. Но и покрај сентименталноста, извори тврдат дека Том бил против тоа и безуспешно се трудел да ја премисли.

Со оглед на загриженоста на нејзиниот сопруг, како и фактот дека рачниот зглоб е релативно видливо место за тетоважа, веројатно е дека Кејти го убедила Том.

Таа и Том се во брак само пет години, но можеби Кејти ќе смисли нешто потрајно кога ќе стигнат до една деценија.

Кејти не е баш дива, напротив, таа е посветена актерка која во моментов се држи до строг режим на исхрана поради претстојните појавувања на црвениот тепих за премиерит ена трилерот „The Son of No One“ и комедијата „Jack and Jill“. Дури и овошјето и е забрането поради тоа што содржи поголеми количини на шеќер.

Кејти само што се врати од Њујорк во Лос Анџелес каде престојуваше неколку недели поради неколку промотивни настапи и работа на нејзината модна линија „ Holmes & Yang“. Во меѓувреме Том остана во Лос Анџелес каде работеше на својот најнов проект „ Rock Of Ages“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma