Ким Кардашијан неодамна заработи 18 милиони долари со договори поврзани околу нејзината венчавка, но тоа не е се!
За време на реалното шоу “Keeping Up With the Kardashians” додека убавицата го врзала јазолот со избраникот, кошаркарот Крис Хемфрис, над 2 милиони луѓе ја посетиле страницата што го продава нејзинато познато секси видео наречено “Kim Kardashian Superstar.”
Обично страницата има 300.000 посетители месечно, но бројката скокна до небото за време на свадбениот викенд и според извештаите на ТМЗ имало над 2 милиони посетители што е навистина многу!