Кина бара од Јапонија брзи и точни информации за радијацијата

17 март, 20110
images
Кинеската влада побарала од Јапонија да објавува брзи и точни информации за развојот на состојбата околу ширењето на радијацијата од нуклеарната централа “Фукушима“, оштетена во разорниот земјотрес и цунами бранот што ја погодија земјата.
“Светот со големо внимание ги прати информациите за ширењето на радијацијата од централата во Јапонија“, изјавила претставничката на кинеското министерство за надворешни работи, Џианг Ју и изразила надевање дека Јапонија го известува светот за сите детали точно и навремено, објавува Ројтерс, пренесува Нетпрес. 

Јапонските воени хеликоптери веќе почнаа да фрлаат тони вода на тешко оштетените реактори во нуклераната централа “Фукушима“, во настојување да се оладат реакторите и ураниумовите шипки, по вчерашниот неуспешен обид поради зголемената радијација околу централата. Јапонските медиуми веќе го критикуваа начинот на кој Владата се справува со оваа катастрофа, како и операторот со нуклеарната централа, кој не соопштувал доволно информации за инцидентот. Официјалните лица стравуваат дека поголемото ширење на радијацијата од централата би можело да претставува ризик по здравјето на луѓето, па затоа Кина и другите соседни земји веќе почнале да го мераат нивото на радијација во воздухот.
За сега, немало никакво зголемување на радијацијата во Кина. Вчера кинеската влада, поучена од случувањата во Јапонија, ги суспендирала сите одобрувања за нови нуклерани централи во земјата и наредила сеопфатна контрола на безбедноста на сите свои нуклеарни централи, кои работат или се во изградба.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi