Во новата верзија на “Петар Пан”, чија премиера се очекува да биде на лето, актерката Кира Најтли ќе и го позајми гласот на Sвончица.
Иако е познато дека Кира тешко ги прифаќа ваквите понуди, овој пат се нафатила на овој проект. Научени да ја гледаме секогаш во драми, улоги кои бараат многу, овој пат ќе ја видиме Кира во поинакво светло. Освен Кира Најтли, во новата верзија на “Петар Пан” ќе ги видиме и Ен Фриел, Боб Хоскинс и Чарлс Денс.