Киселото млеко е магична храна, за која се пишува многу, го стимулира имунитетот, не штити од болести, помага на процесот на варење на храната, го одржува стегнат тонусот на телото и се користи како моќно средство за слабеење.
Науката докажала дека еден правилен режим на исхрана што вклчува и кисело млеко помага да ги постигнеме целите во однос на здравјето и телесната тежина.
Најважно е да избираме кисело млеко што е богато со природни полезни бактерии, кои помагаат на организмот да функционира правилно, ја забрзува размената на материи во организмот, а капацитетот на телото да ги согорува маснотиите се повишува неколкукратно. Освен тоа протеините од киселото млеко помагаат за содавањето на мускулни клетки. Диетолозите препорачуваат секојдневна употреба на кисело млеко за да бидеме здрави и витки.