Ќе биде ли Харадинај “комшија” на Ратко Младиќ? Друштвото во Хаг, се поголемо!

19 август, 20110
Ramus-Haradinaj-1

Вчера започна новото судење на поранешните команданти на ОВК, предводени од Рамуш Харадинај за злосторства извршени од страна на косовските сили во логорот во Јабланица во 1998 година. Обвинителот го започнал судењето со порака дека обвинетиот Харадинај и неговите соработници Лахи Брахимај и Идриз Балај се одговорни за страдањата на луѓето во логорот, без оглед на тоа дали тоа биле Срби, Албанци, Роми и др.

Обвинителот Пол Роџерс напоменал дека нивните жртви биле цивили, кои биле сметани за непријателски соработници, шпиони или предавници.

“Целта на командантите била да се воспостави целосна контрола на ОВК врз оперативната зона Дукаџин со отстранување и малтретирање на српски цивили и злоупотреба на цивили од редовите на косовските Албанци и косовските Роми но и други цивили кои работеле или се сметало дека соработуваат со српските сили”, се наведува во обвинението.

Од првото судење ќе се земат поголем дел од доказите, додека тужителот  ќе повика само десетина сведоци , од кои прв ќе биде Шефкет Кабаши, поранешен член на ОВК, кој бил уапсен поради непочитување на судот
и одбивањето да сведочи пред судот во Хаг.

Во првиот судски претрес во април 2008 година биле ослободени Харадинај и Балај, додека Брахимај бил осуден на шест години затвор.

Апелациониот совет минатата година наредил повторување на судењето по шест точки во врска со логорот во Јабланица, поради тоа што заклучиле дека судењето завршило пред да донесат сите сведоци, а имало и таквии кои не сакале да сведочат. Советот во пресудата навел дека дел од сведоците биле подложени на малтретирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi