Принцот Чарлс кој има 62 години се запиша во книгата на рекорди како најдолговечниот престолонаследник во историјата на британското кралство. Тој веќе чека 59 години, 2 месеци и 14 дена за да стапи на британскиот трон. Неговата мајка, кралицата Елизабета втора, која наполни 85 години и понатаму ја следи доброто здравје, така што нејзиниот најстар син ќе почека уште малку за да стане наследник. Предходниот рекорд го држел прадедото на Чарлс, кралот Едвард седми, кој британската круна ја превзема од неговата мајка Викторија, по 59 години, 2 месеци и 13 дена чекање. Најновите истражувања покажале дека принцот Вилијам и неговата вереница Кејт се попожелни да бидат британски крал и кралица, отколку Чарлс со сопругата Камила.