
Најстарата ќерка на Били Боб Торнтон, Аманда Брумфилд(32) е обвинета за убиство на едногодишната ќерка на својата најдобра пријателка во 2008 година.
Девојчето преноќувало во куќата на Аманда кога починало како последица од повреди на главата и крварење во мозокот.
Аманда се бранела дека девојчето само паднало и се здобило со тешките повреди на главата, но тужителот го докажал спротивното и навел дека девојчето било физички малтретирано и тоа било главната причина за нејзината смрт.
Да потсетиме дека Били Боб Торнтон веќе подолго време не е во добри односи со својата ќерка, а Аманда својата судска пресуда ќе ја очекува во Јули оваа година.