Клинтон во Будва: Мило ми е што сум во Македонија!

23 мај, 20110
21bill_2105111550_4
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вчера на крајот на своето обраќање на конференција во Будва, направил голем лапсус, кое учесниците на конференцијата сигурно ќе го паметат.
Клинтон предизвикал смеа кај присутните кога Црна Гора ја нарекол Македонија. Тој завршувајќи го својот говор, во кој и’ предвидувал прекрасна перспектива на Црна Гора, рекол дека му е многу мило што се наоѓа во Македонија!?
“Гледаме во иднината и се концентрираме на се’ она што ни е заедничко, иднината е светла. И иднината на Македонија, која со својата убавина го одзема здивот е светла“, рекол поранешниот американски поретседател.
42-от претседател на САД, Бил Клинтон, во Будва учествуваше на конференцијата “Балкански иницијативи за јакнење на општествата во југоситочна Европа“.
Покажувајќи почит, пак, кон високиот гостин од САД, приватниот црногорски универзитет од Бар, “Медитеран“, му доделил титула почесен доктор на науки.
“Но, поранешниот претседател на САД, по се’ изгледа дека не го импресионираше воопшто бившиот премиер на Србија, Зоран Живковиќ. Единствениот српски претставник на собирот многу впечатливо успеа да одбегне да се поздрави со некогашниот претседател на САД. Додека сите срдечно му приоѓаа на Клинтон и се прегрнуваа со него, Живковиќ, ја искористи гужвата и со насмевка на лицето мина зад грбот на некогашниот американски претседател“, пишува српскиот весник “Курир“, пренесува Нетпрес.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *