Кои брендови ќе исчезнат во 2012?

24 јуни, 20110
brands-drink

Секоја година 24/7 Wall St составува листа на брендови за кои се претпоставува дека ќе ги снема наредната година. Овој пат таа листа ги вклучува некогаш најголемите компании и производители како Nokia, MySpace, Sony Pistures, Sears, American apparel итн.

Погледнете ја листата на бредновите кои ќе исчезнат во 2012:

1. Sony Pistures, оваа компанија имаше загуба од 3,1 милирада долари, бидејќи пред се луѓето кои играат игрици беа окупирани од Microsoft и Nintendo. Како дополнителен шок беше земјотресот во Јапонија, единствениот вреден имот од кој лесно може да се оддели е Sony pictures entertainment, која сигурно би привлека интерес и некој би ја купил, но набргу по тоа бреднот ќе исчезне.


2. A&W, ресторани за храна кој го поседува компанија за брза храна YUM, веќе од јануари ја дадоа фирмата на продажба во јануари годинава. Тие немаат купувачи. Ланецот бил основан во 1919 година, големината на компанијата растела рапидно. Но сепак денеска оваа компанија повеќе неможе да се споредува со некои како Burger King, кои се многу поголеми од неа, а самата таа неможе да прави толкави набавки, да има трошоци заљ логистика, транспорт итн.


3. Saab, првиот ваков автомобил на пазарот бил лансиран од шведска компанија во 1949 година. Оваа компанија подоцна во 1900-та година го привлече General motors, па така тој одлучи да купи половина од компанијата. Проблемот со оваа компанија се покажа дека таа беше уште една риба во морето, која не успеа да се справи со конкуренцијата и големите риби. Не произведуваше ефтини автомобили, ниту пак луксузни. General motors во 2008-ма се откажа од оваа компанија. Денеска со светска продажба од 50 илјади автомобили годишно овој бренд е непрофитабилен.


4. American Apparel, овој бренд за гардероба е тотално безвреден како што говорат експертите. Назад во 2003-та оваа компанија имаше 3 продавници и 82 милиони долари приходи. Неколку години подоцна во 2008-ма таа достигна бројка од 260 продавници и 545 милиони долари заработки. Но денеска оваа компанија е речиси срамента со земја и само се очекува моментот кога ќе објави загуби. Таа е под пазарните маргини дополнително заради зголемените цени на памук. Дополнително извршниот директор ја потресе јавноста со неколкуте тужби кои беа насочени кон него, поради сексуално малтретирање на вработените лица.


5. Nokia, е мртва. Таа се бори со финансиски проблеми, а во првиот квартал од оваа година успеа да продаде само 25% од 428 милиони телефони ширум светот. Брзиот раст на пазарите за паметните телефони тотално ја уништи оваа компанија, а таа и понатаму ја користи застарената платформа на мобилни уреди Simbian, моментално е во процес каде треба да се префрли на користење на Windows. Како можни купувачи на оваа компанија во иднина се наведуваат Microsoft и Samsung.


6. MySpace, помина времето кога оваа социјална мрежа беше најголема во светот. Но таа веќе одамна е заборавена од корисниците на социјалните мрежи. До 2008-ма таа се уште имаше некаква популарност, но со појавата на Facebook, таа падна во сенка. Компанијата која го купи овој сајт во 2005-та, во февруари оваа година го стави на продажба, а доколку не успее да го продаде едноставно ќе го исклучат.


7. Sony Ericsson, се појави на пазарот во 2001-та, стана еден од најголемите производители на мобилни телефони, а дополнително продажбата беше потпомогната со популарноста на вокмените на Sony. Но компанијата не се развиваше во нагорна линија, барем не како што во тоа успеаа Apple и RIM (Blackberry) кои веднаш го осовија пазарот на паметни телефони. Продажбата на мобилни телефони опаѓаше од година во година, па така во 2008-ма компанијата продаде 97 милиони мобилни уреди, а во 2010-та 43 милиони. Беа отпуштени голем број работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi