Кои ѕвезди најмногу ги сака Фотоапаратот! :) Сакале-не сакале, Бред Пит не е на листата! :)

25 август, 20110
Koi zvezdi

Елизабет Тејлор е најфотогенична ѕвезда на сите времиња, како што покажуваат истражувањата на порталот Мајмемори. Веднаш по неа се наоѓа „секси пријателката“ Џенифер Анистон, додека две убавици го поделија врвот на листата со мега популарниот фудбалер Дејвид Бекам.

Холивудската дива Елизабет Тејлор која почина во март годинава ќе остане запаметена како икона на златното време на Холивуд, а богами и како една од најубавите жени на светот, чија убавина е проценета како безвременска. Вљубениците на филмот и воедно корисници на сајтот Мајмемори ја прогласија и за најфотогенична ѕвезда на сите времиња.

Сребрениот медал и припадна на Џенифер Анистон додека бронзата „ја лапна“ Дејвид Бекам. Со објективот успешно „кокетира“ и сексапилната Меган Фокс, на која и припадна четвртото место, додека по неа е уште една холивудска икона Одри Хепберн.

На преостаната листа на 10 најфотогенични ѕвезди се: Марлон Брандо, Анџелина Џоли, Мерлин Монро, Софија Лорен и Џејмс Дин. Сакале – не сакале, на листата го нема Бред Пит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *