Кој е Горан Хаџиќ?

20 јули, 20110
goranhadzicAP543

Од обичен работник до претедател на Република Српска Краина. Горан Хаџиќ е оптужен за убиства, депортација и раселување на хрвати од Краина.

Својата политичка кариера ја започнува како член на Социјалдемократската партија на Кучан во Хрватска, за набрзо да прејде во десничарска Српска Партија во Хрватска водена од Јован Рашковиќ.

Иако апсен од хрватската полиција на Плитвичките езера, уште на почетокот на војната во Хрватска, Хаџиќ е набрзо пуштен од затвор, по налог на највисоките хрватски политички службеници во тоа време.

Генералот на хрватската полиција тоа време, Јосип Бољковац, контраверзно го имаше спомнато во својата автобиогравска книга како “човек” кој работел во корист на Српската и Хрватската страна во поттикнување на немири и конфликти во Краина. Овие детали никој не ги демантираше.

По војната со поголем воен плен, се сели во Нови Сад каде “инвестрира” поголем дел од “заработеното”. Се вработува во Србија Гас, и живее мирен живот се додека на Србија не и беше преддаден налогот за негово апсење. Веднаш после тоа, Горан Хаџиќ исчезнува. Со помош на Српските јатаци, успешно се крие на Фрушка Гора, до пред неколку часа, каде е и уапсен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi