Кој го откри Бин Ладен? Дознај веднаш!

16 јули, 20110
belakuka

Новинарите успеаа да дознаат се за Џон, мистериозниот аналитичар кој десет години го барал и го открил Бин Ладен.

Аналитичарот Џон учествувал во акцијата во апсењето на Калид Шеил Мохамед, а истовремено опсесивно го барал одговорот каде е можно да се крие Осама Бин Ладен.

Во собата на американскиот претседател собран е државниопт врв, државниот секретар Хилар Клинтон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс, началникот на генералштабот Мајк Мулен и главните своетници.Директорот на ЦИА Леон Панета зема збор, се врти кон еден од присутните и вели: “Продолжи Џон“.

Средновечниот аналитичар почнува да ги толкува собраните податоци на ЦИА кои покажуваат дека во пакистанскиот град Аботабад се крие Осама Бин Ладен, тогашниот шеф на терористичката организација Ал Каеда. Обама, го прашал колку е сигурен дека токму таму се крие Бин Ладен. Џон одговорил: “околу 80%“, истакнувајќи дека никогаш не успеале сателитски да направат снимки, но и дека до сега никој не бил толку сигурен. Останатото ќе биде запаметено во историјата. Обама го прифаќа неговото мисење, и го прашува Мулен дали војската е спремна за да ја преземе задачата. Адмиралот одговорил потврдно и пратил наредба на познатата единица SEAL кои ја завршија задачата. Ова потсетува на приказна од шпионските романи на Том Кленси.

Ветеранот на ЦИА
Новинската агенција Асошиетед прес неодамна  објави голема сторија за него, ветеранот на ЦИА, кој десет години од седиштето на агенцијата го барал Бин Ладен по светот. Ветеранот бил убеден дека ќе го најде.

Името, се разбира, му е измислено, но сепак станува збор за човек кој и порано се има истакнато особено работејќи во одделенијата за Балканот и Русија. Во вториот се стекнал со голема слава, бидејќи е првиот кој направил профил на Путин уште на неговиот почеток и изјавил дека тоа ќе биде човек кој цврсто ќе го земе престолот на Русија и ќе владее со неа долги години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi