Вуди Ален соопшти дека снимањето на неговиот нов филм “ Bop Dekameron “ ќе започен на 11 јули во Рим, како и дека самиот тој ќе глуми во него.
Екипата за овој филм е меѓународна, а ја сочинуваат: Алек Болдвин, Роберто Бенињи, Пенелопе Круз, Џуди Дејвис, Џеси Ајзенберг, Грета Гервинг, Елен Пејџ, Орнела Мути и други.
“ Bop Dekameron “ ќе биде збирка од четири неповрзани приказни кои се одвиваат во Рим. Премиерата на филмот се очекува да биде следната година.