Кокосово масло за слабеење

26 јули, 20110
kokosovo maslo

Јадете маснотии и слабејте – звучи неверојатно, нели? Употребата на кокосово масло во исхраната го регулира метаболизмот и помага да се ослободиме од вишокот килограми.

Важно за ова масло е што го заситува организмот многу подобро од останатите масла, а веројатно и од сите други производи. Кога ќе го додадете во оброкот, побрзо ќе се заситите и нема да изгладнете помеѓу оброците, па ќе можете подолго да издржите без нешто да грицкате. До крајот на денот ќе изедете помалку храна и ќе внесете помалку калории.

Дава чувство на ситост

Едно проучување го споредува влијанието на средно-синџирни и долго- синџирни масни киселини врз чувството на глад. Истражувачите откриле дека како растело количеството на средно-синџирни масти во исхраната, така вкупната количина на изедена храна, а со тоа и внесувањето на калории, се намалувале. Кокосовото масло, кое се состои главно од средно-синџирни масти, може да го задоволи чувството на глад и подолготрајно од другите масла кои се користат во исхраната.

Го забрзува метаболизмот

Третата причина зошто кокосовото масло има репутација на нискокалорично масло е затоа што го покрева вашиот метаболизам на повисоко ниво. Како што се зголемува метаболизмот, така калориите побрзо се трошат. Бидејќи повеќе калории се согоруваат, останува помалку за да се претвори во телесни маснотии.

Во една студија која го мерела трошењето на енергија после оброк кој содржел кокосово масло, трошењето на енергија за поединци со нормална телесна тежина пораснала за 48%. Со други зборови, метаболизмот пораснал за 48%. Кај подебелите лица трошењето на енергија се зголемило за неверојатни 65%! Значи, колку е лицето подебело, толку поголем ефект има кокосовото масло на стимулирање на метаболизмот. Тоа е добра вест за подебелите луѓе кои би сакале да го пробаат кокосовото масло за да ослабат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi