Се повторува ли Косовското сценарио? Ситуацијата повеќе од сериозна!

26 јули, 20110
kosovo

Магистралниот пат Косовска Митровица-Рашка, во местото Рударе, општина Звечан, бил блокиран после полноќ од локалните срби, барајќи специјалните единици Rose да се повлечат од територијата на општина Звечан.

Претставници на локалните срби барале од припадниците на КФОР специјалните единици да се тргнат од нивна територија, а во тек се разговори со командантот на КФОР германскиот генерал Ерхард Билер и претставници на локалните срби.

Повеќе стотици автомобили се наоѓаат во Рударе, каде што е спречен преминот на патот од двете насоки. Исто така, на лице место се наоѓаат голем број луѓе.

Во Зубин Поток се чуле и сирени за тревога.

Северниот дел на Косовска Миторвица е пуст, бидејќи поголемиот број на луѓе се упатиле кон Мердаре за да се запознаат со случувањата, а ситуацијата велат дека била многу напната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi