Трикови за меки пети

26 јули, 20110
meki peti

Кога ќе се појави задебелување на петите, тие се мртви како и косата и може да се отстранат без болка и крварење. Испукани пети не можат да се излечат и да изгледаат исто како порано, бидејќи не постои довод на крв, ниту пак има нерви во тој дел од стапалото.

Петите се покриени со слоеви на кератиноцити, кои се најдебел дел на кожата на нашето тело. Тие ја носат тежината на телото додека одиме и скокаме, па затоа потребно е да ги заштитиме. Меѓутоа, ако пукнатините се многу длабоки и допрат до делот каде што кожата сеуште  е “жива“, може да станат болни, што води до дополнителни компликации, особено ако лицето боледува од дијабетес или е постаро.

Превенција и лекување

Потопете ги стапалата во топла вода и додадете неколку капки шампон, неколку капки од антисептична течност и неколку капки маслиново масло. Извадете го стопалото од вода и исушете го. Потоа, почнете со отстранување на мртвата кожа со камен за пети, а потоа со четка отстранете ги остатоците. Вратете ја ногата во вода и оставете ја подолго да постои. Потоа исушете ги стапалата со памучна крпа и веднаш намачкајте ги со вазелин. Пред спиење задолжително намачкајте ги со крем кој содржи многу глицерин за дополнително хидратизирање на кожата.

Зголемете го количеството на вода што го внесувате, особено кога е многу топло или  кога се трошите физички. За да го неутрализирате непријатниот мирис на стапалата, внатрешноста на чевлите испрскајте ја со неколку капки масло од нане.

Благодети од топли бањи за стапала

  • Ја освежува циркулацијата на нозете, што се одразува на целиот огранизам.
  • Ги загрева стапалата, посебно во зима.
  • Помага да се ублажат болките и да се отстрани курје око.
  • Помага за главоболка.
  • Помага да се намалат или отстранат проширени вени.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit