И повторно барикади на Косово!

27 август, 20110
162092_kosovo-blokada2-beta_f

Причината за повторното поставување на барикади на патиштата во северно Косово, како што наведува Танјуг, е обидот на ЕУЛЕКС полицијата да уапси еден од локалните српски жители. Ниту еден од Србите, кои минатата ноќ биле на барикадите не можел со сигурност да каже колку долго ќе останат на патот.

Приштинските медиуми објавиле дека причината за новото поставување на барикади, е обидот за апсење на лице кое имало обид за убиство врз припадник на специјалните полициски сили ROSА на 25 јули годинава, кога сакале да ги растераат демонстрантите кои не дозволувале на косовските власти да воспостават контрола на граничните премини во северно Косово.

Танјуг дознава дека министерот за Косово, Горан Богдановиќ денес ќе зборувал со претседателите на општините во северниот дел на Косово за да ја процени моменталната ситуацијата во северниот дел на Косово.

Косовскиот министер Бајрам Реџепи, изјавил дека косовските институции ќе спроведат закон и ред низ целата територија на Косово, и дека во таа намера ги поддржува целата меѓународната заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma