Краставиците, доматите и салатите виновни за смртоносната бактеријата во Германија

26 мај, 20110
693548-cucumbers-and-potatoes-at-the-market-display
Свежите краставици, домати и салата се одговорни за ширење на смртоносната бактерија во Германија, која досега одзеде четири животи, соопштила министерката за земјоделство и заштита на потрошувачите Илсе Аигнер, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
“Иницијалните резултати од истражувањето на Институтот “Роберт Коч“покажуваат дека користењето на свежите краставици, домати и салата се причина за бактеријата“, рекла германската министерка Аигнер. Германските здравствени власти објавиле дека досега починале четири лица заразени со опасната бактерија Ешерихија коли, иако се’уште не е службено лабораториски утврдена врската помеѓу нивната смрт и инфекцијата.
Епидемиолошкиот институт досега забележал 140 случаи на бактеријата, најмногу на северот и североистокот на земјата. Постои сомнение за уште стотина заболени лица.
Бактеријата Ешерихија коли се наоѓа во изметот на домашните животни, па се верува дека заболените се заразиле конзумирајќи зеленчук кој бил наѓубруван со такво ѓубриво.
Бактеријата предизвикува крвава дијареа, големи главоболки и болки во стомакот, а кај потешки случаи престанува работата на бубрезите.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi