Критика од Конгресот до Обама за операциите во Либија

4 јуни, 20110
2010032616131413

Претставничкиот дом на Конгресот вчеравечер усвои резолуција со која го критикува американскиот претседател Барак Обама бидејќи без дозвола на Конгресот вклучил американски трупи во воената операција против Либија.
Белата куќа оцени дека таа резолуција е непотребна и не нуди помош.
Конгресмените со 268 гласа „за“ и 145 „против“ усвоија резолуција. Тие забележуваат дека Обама го игнорирал Конгресот кој има уставно право да објавува војна.
Според Џон Бејнер, спикер на Претставничкиот дом, Обама не дал уверливо оправдување за таа операција која трае веќе три месеци.
Со резолуцијата од Обама се бара во рок од 14 дена да го извести Конгресот за деталите за обемот на мисијата во Либија и трошоците. Се бара да не се користат копнени сили во Либија освен во операции за спасување американски војници. Обама го извести Конгресот за операциите против Либија на 21 март.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *