Крокодили во предградие на Лондон

14 јуни, 20110
krokodili

Британската полиција пронашла четри ретки видови на крокодили во еден стан во лондонското предградие, јавиле британските медиуми.

Полицијата била повикана во стан во четврти Croydon за сосема друг случај, кога останале шокирани кога во една соба пронашле крокодили.

“Бевме изненадени и шокирани кога ги видовме западноафриканските крокодили“, изјавил претставник од службата за заштита на животни, кои инаку ја превземаа грижата за овие рептили.

Со оглед на големината, овие крокодили не биле во состојба да му наштетат на човекот, но способни се да нанесат потешки повреди, се додало во соопштението.

Сите четри крокодили се женки од кои три биле долги 90 сантиметри, а само една 1,20 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi