Куќна помошничка во Софија украла накит од својата газдарица вреден повеќе од 40 илјади евра.
Бугарските криминалисти во соработка со експерти од Психолошкиот институт во Софија за брзо време го откриле крадецот.
Во разговор со полицијата, 30- годишната куќна помошничка рекла дека била принудена да го украде накитот бидејќи нејзиното момче било нарко зависник на кој итно му биле потребни пари.
Украдениот накит успеала за брзо време да го продаде во неколку заложни куќи во Софија.
Помошничката добила притвор од 72 часа, а против нејзе софиската полиција ќе поднесе кривична пријава.