Лабрадор ретривер

29 април, 20110
Yellow-Labradors

Лабрадор Ретривер e  најпознат ретривер. Неговото потекло е од Велика Британија. Предците на сегашните лабрадори потекнуваат од островот Newfoundland. Се смета дека неколку типови на лабрадори се една од најпознатите раси на куче во светот и според најновите регистрирања на оваа раса докажано е дека е најпопуларната раса во САД (уште од 1991), Тие се доста пријатни, нежни, интелигентни, полни со енергија и со добра природа. Лабрадорите се сметаат за најдобро куче за забава и придружба (дури и за децата). Лабрадорите се всушност класичен пример за куче. Многу луѓе имаат кажано дека самата помисла на куче асоцира на Лабрадорот Ретивер.

Цврсто граден, мошне активен, широк во черепот, широк и длабок во градите и ребрата, широк и силен во слабините и задните нозе. Лабрадорите се познати по следниве типови бои  целосно црна, жолта или чоколадна. Жолтата може да варира од светло крем до црвена- red fox. Мала белина на градите е дозволена. Неговиот темперамент е добродушен, мошне подвижен. Љубител на вода, лесно прилагодлив, посветен пријател. Без присуство на агресија. Карактеристиките на крзното на лабрадорот се, кратко, густо, не е брановито и без ресички, и при добир не е грубо. густа поддлака која е отпорна на лоши услови.

Лабрадорите се брзи ученици, затоа и многу лесно може да ги поднесат тренинзите и дресурата. Нив можете да гио научите на разни команди и трикови. Тие сакаат да помагаат и да добиваат љубов, а за возврат ќе работат напорно за да ве направат среќни. Поради високиот степен на можност да се издресира, овие паметни кучиња често се користат како водичи или спасувачи.

Лабрадор ретриверите се можеби најдобар избор доколку прв пат станувате сопственик на куче. Тие се лежерни и лесно приспособливи, исто така се одлични со деца. Дадете му на ова куче внимание и прошетки кои му се потребни и ќе го имате најсреќното и најверното пријателче во животот.

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=0cj81wHmfXc

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi