Фустанот кој Мерлин Монро го носеше во филмот “Седум години верност” за неколку недели ќе се најде на аукција. Сигурно се сеќавате на белиот фустан кој е креација на дизајнерот Вилиам Транвил. Легендарниот фустан кој Мерлин го носеше во една од незаборавните сцени сега ќе може да го купи некој.
Актерката Деби Рејнолдс реши да даде на продажба неколку филмски фустани, бидејќи ја притисна кризата. За овој фустан таа бара 2 милиони долари. До сега најскапо продаден фустан кој Мерлинка го носела, е оној во кој ја отпеала роденденската песна на Кенеди. Купувачот за тој фустан дал над милион долари.