Реизбор на Сеп Блатер!

2 јуни, 20110
blatter_637684326

Сеп Блатер е избран за старо нов претседател на ФИФА. Швајцарецот за нов четиригодишен мандат доби 186 гласа од 203 делегати. 75-годишниот Блатер во говорот по победата се заблагодари на реизборот. “Дами и господа, драги колеги со цело срце се заблагодарувам на укажаната доверба. Имам доволно енергија и сила да продолжам уште четири години. Ова единство кое што го покажавме денес ми дава храброст да тргнам напред”. “Ќе ни биде потребно уште некое време да ги оствариме нашите цели, но најважно е да имаме цврсти темели. Едноставно сум трогнат и почестен, но во исто време ова за мене е предизвик и јас го прифаќам. Одиме понатаму заедно, денес се случи нешто чудесно”, изјави Блатер. За потсетување Блатер на изборите немаше противкандидат, затоа што довчерашниот претседател на Азискиот фудбалски сојуз (АФЦ), Мохамед Бин Хаман ја повлече својата кандидатура по обвиненијата за корупција при изборот на домаќин на Светското првенство 2022 година. Блатер се наоѓа на чело на ФИФА од 1998 година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi