Лејди Гага го најави својот нов сингл на Твитер
7 април, 20110

Лејди Гага на својот профил на Твитер, најави дека на 18 април ќе го пушти својот нов сингл кој е наречен “Judas”.
Новата песна е најавена со специјално видео, на кое Гага ги покажува промотивните активности, но и средбата со еден христијански демонстрант кој реши да дојде на нејзиниот концерт со цел да ги предупреди верниците за злото во нејзините песни.
“Јуда доаѓа. Нека започне културното крштевање”, вели Гага во своето видео.