Нема помилување, Руни не игра против Сити!

popara7 април, 20111min00
re

Жалбата на Манчестер Јунајтед и Вејн Руни не е усвоена, ФА остана при своето дека Руни заслужи два натпревари ‘ладење’ поради пцуење во камера. Поради тоа “Шрек” нема да биде на големото дерби во полуфиналето од ФА купот против Манчестер Сити на “Вембли”, кое се игра на 16-ти април. Руни е казнет поради пцуење во камера на последниот натпревар против Вест Хем, кога постигна хет-трик, а казната во Англија се однесува на сите натпреварувања. Вејн се извини по натпреварот и го обвини камерманот, бидејќи сам му се приближил и со тоа практично го прекршил непишаното правило во Англија. Признавањето и извинувањето не помогнаа, Руни градското дерби на “Вембли” ќе го проследи од трибините.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma