Лек за ЕХЕЦ- трансфузија на крв?

2 јуни, 20110
60244592
Шпанските краставици не се, но се’уште не се знае што ја предизвикува смртоносната мутирана бактерија ЕХЕЦ. Бројот на заразени посебно во северниот дел на Германија и понатаму се зголемува, а во моментот ангажирана е и ЕУ, пишува “Дојче веле“, пренесува НетПрес.
Според актуелните официјални информации, станува збор за посебно агресивен облик на бактеријата Ешерихија коли, кој може да доведе до хемолитичко- уремиски синдром (ги напаѓа бубрезите кои престануваат со работа) кој во случај на прогрес на болеста единствено решение би бил еден посебен облик на трансфузија познат како “прочистување“ на крвта, но нема сигурни информации за тоа на кои пациенти оваа мерка со сигурност ќе им помогне.
“Нема потреба да се прогласи престанок за опасност од ЕХЕЦ бактеријата“, рекол Рајнхард  Бургер од институтот “Роберт Кох“ од одборот за заштита на потрошувачите.
Кога една земја членка на ЕУ ќе се посомнева дека нејзината храна  е заразена, должност е да се известат другите земји и тоа преку европскиот систем за брзо предупредување кој го има воспоставено ЕУ“. Но, комесарот за земјоделство на ЕУ, Дачијан Чолош, смета дека Германија отишла предалеку кога именувала една конкретна земја како извор на заразата, што подоцна се покажало како неточно.
“Мислам дека е важно најпрво да се врати довербата на потрошувачите, да се земе во предвид нивното здравје, но и да не се обвинуваат одредени земји или производители“, додава комесарот Чолош.
Иако станува збор за смртоносна бактерија, лекарите смируваат дека ако станува збор за сериозна криза не е потребно да се шири паника бидејќи како што велат проблемот бил географски ограничен на подрачјето на Хамбург.
Комесарот на ЕУ за здравство ги повикал земјите на ЕУ и посебно до Германија да направат се’ што е во нивна можност за да се пронајде изворот на зараза. Системот за брзо предупредување од опасност од заразена храна постои од 1979 година во која учествуваат и земји надвор од Унијата, во 2009 година имало околу 8000 предупредувања, меѓу кои околу 500 сериозни- бидејќи станувало збор за храна која веќе била пуштена во продажба.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi