Блиц пренесува дека ќе се снима филм за српската банда која краде драгоцени камења, наречена Pink Panter. Сценаристот на филмот веќе бил во Белград со цел да преговара околу снимањето и подеталните информации за оваа банда. Тој се сретнал и со еден српски водител кој ја потврдил информацијата. Тој изјавил и дека доколку се договори овој филмски проект, главната улога ќе ја има Leonardo DiCaprio.
Сценаристот се сретнал и со членови на бандата, за која е познато дека ја сочинуваат само професионалци, поранешни војници и специјалци.
Оваа банда е познатаво светот по големи кражби, на драгоцени камења, и токму поради тоа британците ги нарекле Pink Panter.