Леонардо ДиКаприо повторно фатен со Блеик овој пат во Италија
23 мај, 20110

Не помина многу време откако Лео ја прекина врската со манекенката Бар Рефаели, а веќе е во нова врска и тоа со колешката, актерката Блеик. Тие најпрво беа видени на јахта во Кан, а овој пат се фатени во романтичната Италија.
Лео и Бар ја прекинаа шест годишната врска, а причината била тоа што израелската манекенка не сакала да му роди дете. Инаку Лео и Блеик се запознале уште пред една година на една забава, но тој тогаш бил во врска па немало простор за нешто повеќе.