Либиските бунтовници соопштиле дека останале без пари и се’ до денеска не добиле ниту еден дел од ветената помош околу милијарда долари кои им биле ветени од страна на меѓународни донатори на почетокот на месецот.
Повикувајќи ги донаторите да ги исполнат своите ветувања и да му помогнат на Националниот преоден совет, бунтовниците соопштиле дека воспоставиле механизам за трансфер на средства кои им се итно потребни.
Како што рекол потпретседателот на Советот Абдел Хафиз Гога, помошта би требало да пристигне уште минатата недела, но тоа не се случило.
На конференција во Абу Даби на почетокот на месецот, донаторите ветиле ќе им помогнат на либиските бунтовници со пари и потребни средства.
Италија ветила помош во вредност од 300 до 400 милиони евра, додека Франција соопштила дека 290 милиони евра од замрзнатите либиски фондови ќе ги префрлат на сметка на Националниот преоден совет.
Исто така, Кувајт ветил помош вредна 180 милиони долари, а Катар 100 милиони, соопштиле дипломатите.
Извор: Нетпрес