Наскоро во светот 4D кина?

20 јуни, 20110
14DPlex20062011

Иако, статистиките покажуваат дека интересот за 3D проекциите опаѓа, забавната индустрија не одстапува од подобрувањето во кино проекциите и начинот на кој филмот може да се доживее, а наскоро луѓето ќе може да уживаат во 4D блокбастери.

Идејата е прилично едноставна. Станува збор за класична 3D проекција со допполнителни физички ефекти, како што се мириси, седишта кои се тресат или дополнителни блескави светла.

Корејската компанија  CJ 4D Plex веќе почнала со адаптација на неколку кинаво Лос Анџелес, а Дизни вакавата идеја најверојатно ќе ја прифати во неколку кино сали кога ќе се прикажува  “The Muppets 3D”.

Бидејќи станува збор за нов пристап на стари идеи, филмаџиите се уште немаат снимено филм со кој адекватно би ја искористиле технологијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *