Либиските власти одбиваат да го уапсат Гадафи

28 јуни, 20110
MuammarGaddafi-large
Либиските власти ја одбиваат одлуката на Меѓународниот кривичен суд (MKС) да издадат налог за апсење на Моамер Гадафи и соопштуваат дека за тоа е надлежен МКС.
“Либија не ја прифаќа одлуката на МКС, кој е средство на западниот свет за прогонување на лидерот од Третиот свет“, изјави министерот за правда Мухамед еј- Камуди на прес конференцијата за новинарите во Триполи, јавува Ројтерс, пренесува Нет Прес.
Тој додаде дека лидерот на револуцијата и неговиот син немаат никаква службена функција во либиската влада и со тоа тие немаат врска со тужбите кои МКС ги води против нив.
Според Камуди, одлуката на МКС е изговор на НАТО, кој се’уште се обидува да го убие Гадафи.
Хашкиот суд издаде налог за апсење на Гадафи (69), неговиот син Саиф ал-Ислама (39) и шефот на либиската известувачка служба Абдулах ал-Сенсусија (62) со тужби за злосторства против човештвото.
Одлуката е донесена после стотиот ден од воздушните операции на НАТО во Либија, кои како што оценуваа француската агенција, влијаеле на слабеењето на притисокот на силите на Гадафи во градовите што се под контрола на бунтовниците.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi