Листа на познати масони од Франција – втор дел

16 јуни, 20111
6a00e54f9f8f8c883400e550eea0e58833-800wi

Lafayette, Marie Joseph, Маркиз (1757-1834 година), генерал и политичар. После неговиот престој во Америка, каде од 1777 година беше генерал и учествуваше во борбата за независност на САД, допринесе за капитулација на Британија кај Јорктаун на 19 Октомври 1781 година. Како член на Генералните сталежи во 1789 година, предложи на Националното собрание нацрт план за декларација за човековите права, кој и беше одобрен и освоен (Декларација за човекови права, 1789 година). На 14 Јули 1791 година на Марсово поле, прв положи граѓанска заклетва , иако беше еден од водечките политичари на Револуцијата, тој се залагаше за уставна монархија и поради тоа мораше да избега во 1792 година за Австрија. Од 1818 беше либерален застапник, а за време на Срапањската револуција (1830 година) ја предводеше Националната гарда. Во периодот 1777-1779 година е примен во воената ложа во Мористаун, во присуство на G. Washington, а во Франција беше член на “Contrat Social”.

Laferre, Louis (1861-1923 година), политичар; Сенатор; Министер за образование. Примен во ложата “L’Indépant de Marbonne” во 1899 година; Претседател на Советот на Големиот Оријент на Франција.

Luj XVI (1754-1793), Крал на Франција од 1774 до 1792 година. Татко на Luj XVII, брат на Luj XVIII; оженет со ќерката на австрискиот цар, Marija Antoaneta. За време на неговото владеење, народот очекуваше промени, бидејќи се залагаше за реформи, но поради финансиската криза во монархијата, не можеше да го замени апсолутистичкиот начин на водење на државата. Во Септември 1775 година е примен во ложата во Версај “Orient de la Cour”, заедно со неговите браќа и со Грофот од Artois (подоцна Крал Karlo X) и Грофот од Прованса (подоцна Luj XVIII).

Luj XVIII (1754-1824 година), француски крал во периодот 1814 до 1824 година. За време на Револуцијата, како Гроф од Лил беше на чело на емигрантите во странство и ги мобилизираше непријателите на Франција со цел реставрација на Бурбон. Беше под влијание на клерикалната партија иако се декларираше како либерал. Во Септември 1775 година влезе во кругот на слободните ѕидари.

Macdonald, Alexandre (1765-1840 година), Маршал. После битката кај Ваграм, стана Војводата од Таранто. Со целосна поддршка на Napoleon во 1814 година го оконча периодот во кој Joseph Bonaparte именуваше и назначуваше Големи мајстори. После тоа, заедно со Маршалот Beurnonville и Генералот Timbruneom беше именуван за Голем конзерватор во Големиот Оријент на Франција.

Magnan, Bernard Pierre (1791-1865 година), Маршал. Има стекнато големи воени заслуги. Иако не беше слободен ѕидаро, Цар Napoleon III го назначи за Голем мајстор на Големиот Оријент. Веднаш после неговиот прием, тој беше унапреден, а на 8 Февруари 1862 година, воведен во службата. Се бореше против Napoleon, бидејќи се залагаше за воведување на аутономност во однос на изборот на Голем мајстор, а кога успеа во 1864 година беше поставен за прв Голем мајстор кој е избран по втор пат.

Martin, Georges (1844-1916 година), Сенатор. Со Marie Deraismes го основаа мешовитата ложа на слободни ѕидари, во која се започна примање на жени. На 4 Април 1893 година ја основаше “Droit Humain” мешовитата Голема ложа, која и денес е присутна во повеќе од 60 земји. Англиската Голема ложа не ја признава оваа Голема ложа како регуларна .

Napoleon, Joseph Charles (1822-1891 година), познат како “Принц Napoleon”, со надимак “Plon-Plon”, син Jéromea Napoleon. Слободен ѕидар и член на Големата ложа на Данска.

Orléans, Louis Joseph Philippe, Војводата од Шартр (1747-1793 година), братучед на Крал Luj XV. Се приклучи кон Револуцијата во 1789 година и гласаше за “смрт“ за Luj XVI. Неговиот син Luj Filip го презеде престолот во периодот 1830 до 1848 година. На предлог на Големиот мајстор Грофот Clermont, прифати да стане негов наследник.

Pichon, Stephan (1857-1933), дипломат и политичар, претставник во Пекинг; на функцијата Министер за внатрешни работи беше во следните периоди 1906-1911, 1913-1914 и 1917-1920 година. Во 1891 година примен во париската ложа “Les Amis de la Tolérance”.

One comment

  • Ige

    16 јуни, 2011 at 16:27

    Ajde nesto za balkanot, da vidime nesto i za Ex Yu prostorite

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *