Лудиот од Норвешка со тајни кодови во неговиот манифест. Што се крие лудиот од јавноста?

10 август, 20110
бревик

Група норвешки експерти за ИТ безбедност работат на откривање на кодови кои ги објавил Бревик во својот манифест, јавува Телеграф.
Бревик, 90 минути пред да го направи масакарот, испратил документ од 1500 страници на стотици он-лајн адреси. Во тој манифест биле наведени голем број на линкови кои водат до страници на весници, блогови и слични адреси во кои тој ги објаснил своите ставови за заканите на мултикултурализмот.
Сепак анализите на документите кои ги направил искусниот експерт за ИТ безбедност, Ролф Фројса кажуваат дека некои линкови не водат ниту на една веб адреса, вклучувајќи ги и “underground” сајтовите, кои на се достапни за јавноста.
Фројса објаснува дека голем дел од манифестот кој бил објавен од страна на Бревик всушност бил плагијат на сличен документ напишан од Unabomber односно Тед Качински, бомбаш кој се борел против “индустриското општество и неговата иднина.” Во неговиот манифест, објавен 1995 година имало код кој не бил дешифриран цели десет години.
Деталната анализа кодовите, Фројса го довеле до заклучок дека кодовите всушност би можеле да бидат GPS координати, и кога еден од кординатите бил запишан на Google Maps ја покажал железничката станица во центарот на Ливерпул.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi