Поп кралицата Мадона планира голема светска турнеја на која ќе го промовира својот најнов албум, на кој моментално таа работи со Вилијам Орбит.
Мадона и Орбит веќе имаат соработувано на хит албумот на поп кралицата “Ray of Light” од 1908 година. Тие моментално се во студиото во Њујорк, каде го подготвуваат 12 студиски албум на Мадона.
Мадона својот последен албум “Hard Candy” го издаде во 2008 година, а нејзиниот менаџер Гај Озири минатиот месец потврдил дека Мадона започнала со снимање на новиот албум.