Кралицата на поп музиката ја обновила врската со 28 години помладиот Брахим Зајбат. Само еден месец откако ја прекинаа девет месечната врска, папараците ги фатија Мадона и Брахим заедно во Париз.
Мадона (52) и Брахим (24), се уловени како го напуштаат ноќниот клуб во кој Брахим настапувал како DJ, a наредното утро пред хотелот каде што ја поминале ноќта заедно.
Двојката ја прекина врската во мај оваа година, очигледно поради религиски несогласувања.