Малдини: Кака во Милан? Невозможна работа

28 јуни, 20110
Maldini-y-Kaka-360-x-215

Легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини, наполни 43 години пред два дена, а во интервју за “Скај Спортс” го изнесе своето мислење за актуелната ситуација во Серија А и за потенцијалните засилувања на неговиот поранешен клуб, Милан. “Враќање на Кака? Тоа е прилично комплицирано. Мислам дека моментално не постојат финансиски услови за Рики да се врати во Милано и повторно да го облече дресот на Милан” изјави Паоло Малдини. Мислењето на Галијани се поклопува со ова на Малдини, бидејќи тој пред десетина дена изјави дека Кака сигурно нема кариерата да ја продолжи во Милан. Малдини се надевал дека Бразилецот ќе дал многу повеќе во Реал. Свесен е дека повредите на Кака го спречиле во тоа. “Искрено не очекував дека Кака ќе има толку проблеми во Мадрид, пред се на физички план” заклучи вечниот капитен на Милан.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *