Малта дозволила развод на бракот

27 јули, 20110
razvodmalta

Малтешките пратеници пред некој ден го изгласаа законот со кој се дозволува на граѓаните на таа католичка земја да се разведат во својата држава.

Малтежаните до сега можеа да се разведат само во странство, бидејќи Малта беше единствена земја на Европската унија која немаше закон за развод на бракот.

За законот гласаа 52 пратеници, 11 беа против, додека 5 од нив беа воздржани. Законот ќе стапи на сила во Октомври, кога се очекува да го потпише претседателот, пренесува AP. На референдумот на 28 Мај, скоро 53% учесници гласале за легализација на разводот на бракот. Во текот на последните 30 години 785 брачни парови на Малта се развеле во друга држава, а тој број постепено се зголемувал од седум 1981 до 47 минатата година.

Владеечката Националистичка партија се противела на разводот, но за законот гласале 19 пратеници од таа странка. Премиерот Лоренс Гонзи гласал против, во склад со својот став дека законот за развод ќе ја ослаби фамилијарната структура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi