Најпознатите проститутки на сите времиња

27 јули, 20110
najpoznatiprostitutki

Во историјата работите се менуваат со текот на времето, со исклучок на една работа – проституцијата. Таа била , е и ќе биде присутна и претставува единствената константа во просторот и во времето.

Katrin Volters

Не само што била куртизана, туку претставувала и модна икона на Англија. Луѓе се собрале во Хајд Парк само за да ја видат. Нејзини клиенти биле кралот Edward VII и Napoleon III, а ја посакувале останатиот дел од Европската аристократија. Починала како богата и почитувана жена на 80 годишна возраст.

Katrin Volters

Queen Theodora

Веројатно никој немал вакво воздигнување од  “кал до злато“ како Theodora. Таа била родена околу 500 година, а откако почнала да ги нуди своите “услуги” на клиентите многу набрзо започнала да се занимава со актерство. Била дел од многу порно претстави. Почнала да патува низ Европа со богати мажи, каде што се запознала со византискиот престолонаследник Justinian. Тој бил именуван за крал, таа кралица, а на крајот ја прогласиле за светица.

Queen Theodora

Phryne

Старогрчка хетера (куртизана), што значи дека била дел од најелитните проститутки. Не добивала пари за своите услуги, но ја опсипувале со подароци и успеала да заработи големо богатство. Кога ја обвиниле за непочитување на елеусинските мистерии, во нејзина одбрана застанал нејзиниот љубовник Hiperid. Сепак, дури и вештините на Hiperid неможеле да ја спаси, па затоа кога ја изнеле на суд и го скинал фустанот за да ги покаже нејзините совршени гради, а после тоа била ослободена од сите обвиненија. Обвиненијата биле повлечени, бидејќи се верувало дека убавината е дар од боговите и дека обичните смртници не смеат да ги малтретираат лицата кон кои боговите биле наклонети. Била инспирација на голем број на уметници – Praxiteles според неа ја извајал Afrodita Kindska.

Phryne

Cora Pearl

Родена во 1835 година, Cora не била обична курва, туку куртизана која спиела со половина од претставниците на европските кралства. Се образувала во Франција, а потоа се вратила во Англија како би ги забавувала богатите мажи. Нејзиното забавување на мажите вклучувало игра на кревет полн со орхидеи и одење на вечера “облечена во шлаг“. Иако обожавала  да се коцка, сепак успеала да се зачува дел од богатството.

Cora Pearl

Aspasia

Иако современите научници тврдат дека таа не била проститутка, сепак преданијата зборуваат друго. Била убава и образована, а еден од нејзините мажи бил Pericles. Живеела во  470 година пред нашата ера.

Aspasia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi