Mercedes-Benz 300 SL од 60-тите години

5 ноември, 20110
0

Велат дека виното е подобро кога е постаро, а изгледа дека тоа понекогаш важи и за автомобилите, како што е случајот со Mercedes-Benz 300 SL-ot , направен во 60-тите години на минатиот век.

Станува збор за Mercedes-Benz 300 SL Roadster од 1960 година, кој ги поминал последните 40 години во гаража во грчкото пристаниште Пиреа.

Со 3.0 литарски шестцилиндричен мотор, со моќност од 240 коњски сили, овој автомобил му припаѓал на грчкиот возач на тркачки автомобили Критон Дилаверису. После неговата смрт во 1972 година, целиот негов имот вклучувајќи го и автомобилот и припаднал на државата, затоа што споменатиот господинг не оставил наследник.

Така овој култен автомобил, од 1974 е сместен во општинска гаража во Пиреа, а неколку пати за малку ќе завршел на отпад.  Сепак градот одлучил да го продаде автомобилот на аукција, со почетна цена од 240,000 ЕУР. Најголемата понуда ја дал германскиот колекционер Рајн Хилдебрант, кој е голем љубител на 300 SL моделите.

Хилдебрант на крај платил 405,000 ЕУР за овој автомобил којшто можете да го видите на сликите. 300 SL-от инаку има пројдено 97,125 км , и е во многу пдобра состојба него што изгледа на сликите, према зборовите на новиот сопственик нема да треба многу за да се доведе го некогашната состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *