Милан ќе се обиде да го ангажира Робен

24 март, 20110
ArjenRobben_929925

Арјен Робен, 27-годишниот холандски фудбалер и играч за врска на Баерн Минхен веројатно е најчесто повредуваниот фудбалер од светска класа на светот.

И покрај тоа што поради големите проблеми со повредите често е надвор од терените и понатаму е баран играч на фудбалскиот пазар, па така и неговата цена се движи околу 40 милиони евра.

И во текот на актуелната сезона подолг период беше надвор од тимот, па не можеше да му помогне на својот Баерн со кого договорно е врзан до 2013. година. Дури познавајќи ја и таквата фактичка состојба со Холанѓанецот, во Милан, како што пишуваат светските агенции, се подготвени на лето да го доведат Робен на “Сан Сиро”. Се вели дека “стрпливо ќе чекаат” и ако се укаже можност “сигурно ќе го доведат Робена”.

Тренерот на Милан Масимилиано Алегри изјавил дека му недостасуваат уште неколку ѕвезди во тимот, а Робен очигледно е една од нив.

 

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi