Пато: Би било супер Кака да се врати во Милан

24 март, 20110
1

Веќе подолго време се споемнува можноста за кам бекот на Кака од Реал Мадрид во Милан. Таквиот можен расплет го поздравил сонародникот на Кака, Алесандре Пато.

Поради повредите кои го оддалечеија од терените на подолго време, но и одличните игри на Месут Озил, Кака тешко се прилагодува на стандардниот состав на Реал Мадрид, па е постојана мета на медиумските написи за можно заминување од “Бернабеу”. Една од дестинациите кои притоа најчесто се споменува е токму клубот од кој оствари трансфер во Реал вреден околу 65 милиони евра.

“Посакувам негово враќање во Милан. Ќе го пречекаме со раширени раце доколку се одлучи на таков потег.” – вели Пато.

Во дресот на Милан, Кака 2007. година беше прогласен за најдобар играч на светот во изборот на ФИФА.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi