Во неделата вечерта американците ја одбраа новата Мис на Америка. Тоа е Алиса Кампанела која ќе учествува на Мис Универзум, кој ќе се одржи во Бразил. Алиса е со потекло од Њу Џерси и има 21 година. На овој избор таа останала запамтена по нејзината изјава дека таа ќе се заложува за легализација на марихуаната, особено кога таа се употребува во медицината.