Мистичниот Амазон во детали на Google!

22 август, 20110
amazon

Вработените во Google се веќе на своите велосипеди и бродови на пат кон амазонските прашуми. Нивната цел е да фотографираат што е можно поголемо подрачје од целата околина на Амазон каде се наоѓа и границата на цивилизацијата со прашумите.

Благодарение на Google, на интернет наскоро ќе можеме да го гледаме и Амазон, неговите прашуми и сите тамошни жители, а сето тоа од вашиот удобен кауч преку опцијата „Street View“.

Вработените во оваа компанија, заедно со членовите на непрофитерската организација – Фондација за Амазон (FAS) се веќе на терен и ги фотографираат реката и околните подрачја, собирајќи материјал за што подетален разглед на прашумското царство.

Од Google велат дека дел од опремата ќе и биде оставена на непрофитната организација FAS за тие и во иднина да продолжат со започната работа и да ја споделат културата и амазонскиот начин на живот со останатиот свет.

Со оглед на тоа што областа околу Амазон е огромна, повеќе од јасно е дека Гугловци не можат да ги фотографираат сите реони, туку само опрделени делови. На почеток, целта е да се сликаат околу 50 км по должина на реката Рио Негро, тие слики да се обработат и да се постават на интернет. За понатаму ќе видиме, сè зависи од почетниот успех и упорност. Засега не се знае ни колку е предвидено да трае овој проект на Google.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit