Митови за метаболизмот поради кои се дебелееме

10 август, 20110
mitovi za metabolizam

“Што да правам кога имам спор метаболизам“ – добро позната реченица, со која често го оправдуваме вишокот килограми. Дали метаболизмот е генетски одреден и што навистина го забрзува, а што е обична измама?

Мит: Метаболизмот е генетски одреден и не може да се промени.

Вистина: Иако генетскиот фактор влијае, можете да го промените со правилна исхрана и редовно вежбање.

 

Мит: Зелениот чај го забрзува метаболизмот.

Вистина: Само добро урамнотежена количина масти, протеини и јаглени хидрати во исхраната можат да го подобрат метаболизмот.

 

Мит: Мали и чести оброци се доволни да го подобриме метаболизмот и да ослабеме.

Вистина: Бројот на оброци и количината на храна што ја јадеме не се доволен услов за добар метаболизам, важна е правилната распределба на намирници кои ги јадеме.

 

Мит: Мажите и жените имаат ист метаболизам.

Вистина: Женското тело складира повеќе масти отколку машкото, особено во долниот дел. Исто така, мажите имаат повеќе мускулно отколку масно ткиво, поради што нивниот метаболизам е побрз.

 

Мит: Метаболизмот не се менува со годините.

Вистина: Стареењето ја намалува мускулната маса и го зголемува количеството масти во телото, што го забавува метаболизмот.

 

Мит: Ако вечерате пред шест часот, ќе имате подобар метаболизам.

Вистина: Можете да јадете во секое време сè додека внимавате што јадете и редовно вежбате.

 

Мит: Строга диета ќе го забрза метаболизмот.

Вистина: Како одговор на гладувањето, вашето тело складира масти што никако не може да помогне за побрзо да ги изгубите килограмите. Наместо да гладувате, јадете хранливи работи во редовни интервали.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi