Младиќ бара пари за одбраната од Србија

18 јуни, 20110
ratko_mladic_u_hagu
Семејството на поранешниот главен командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе побара трошоците за одбраната пред Меѓународниот Трибунал во Хаг да бидат платени од Србија или Република Српска.
Адвокатот на Младиќ, Милош Шалиќ рече дека семејството ќе побара покривање на трошоците за патувањата на семејството на Младиќ до Хаг, но и за трошоците за одбраната.
“Ова прашање ќе биде ставено пред српската влада“, рече Шалиќ. На прашањето на весникот “Блиц” како е можно да се бара финансиска поддршка, откако Младиќ не се предал доброволно, адвокатот одговорил дека и хрватскиот генерал Анте Готовина не се предал, но властите во Загреб одобриле 32 милиони евра за неговата одбрана.
Во наредните денови синот на Младиќ, Дарко Младиќ ќе замине за Хаг со листа на адвокати за негова одбрана. Според Шалиќ, вкупно три одделни тимови ќе го бранат Ратко Младиќ.
Поранешниот командант на босанските Срби, кој се смета за еден од најголемите воени злосторници по Втората светска војна, беше уапсен во мај во Србија, откако се криеше цели 16 години.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi