Топ 10 најбогати деца во светот

18 јуни, 20110
Miley Cyrus

Откако Ширли Темпл се појави  на екраните на 1930-тите, освојувајќи ги срцата на свтската публика, генијалните деца станале обожувани низ целиот свет. Кој може да ja заборави насмевката на Меколи Калкин, познат по неговата улога во Сам дома. Неговиот успех, а во исто време и неговото богатство нагло пораснаа. Тој заработи милиони од неговите легендарни улоги. Многу од децата ѕвезди на денешницата уживаат во богатства кои на нивните постари колеги може само да ги сонуваат.

 

1. Мајли Сајрус

Мајли Сајрус  е машина за правење пари. На 15 годишна возраст нејзиниот репертоар предизвикува завист кај ѕвезди двапати постари од неа. Како актерка, пејачка, модел и презентер таа има заработено неверојатни 12 милиони долари. Неделно добива 1 милион долари од концертните турнеи и заработува процент од профит од 1 милијарда долари на брендот “Хана Монтана”. Се очекува да биде милијардер кога ќе наполни 16 години, а од неодамна официјално беше прогласена за најбогато дете во светот. И покрај нејзиниот успех, поголемиот дел од нејзините пари се инвестираат, а татко и дава џепарлак од само 150 долари неделно, што покажува дека сеуште не е премногу голема за да биде.

2. Даниел Редклиф

Лицето на Даниел Редклиф цел свет го препознава по неговата легендарна улога во Хари Потер, еден од филмовите со најголема заработувачка серија на сите времиња. Хари Потер бренд е апсолутно секаде, а воедно и актерот познат по очилата, волшебното стапче и лузната на челото. Почетоците му биле скромни, глумел во БиБиСи телевизиски програми. Со завршувањето на серијалот за Хари Потер, 19-годишникот ќе има богатство од 70 милиони фунти и ќе биде најбогатиот тинејџер Велика Британија.

3. Абигејл Бреслин

Храбрата Абигејл ја има честта да се биде петтата најмладата ѕвезда номинирана за Оскар за улогата во Малата мис Саншајн, на 10-годишна возраст. Таа е позната и по други впечатливи улоги, во Знаци покрај Мел Гибсон и во Одгледувањето на Хелен со Кејт Хадсон. Младата талентирана актерка има освоено 11 други награди во својата кратка кариера. Кога не би била актерка би сакала да биде ветеринар или моден дизајнер. Нејзиното време доаѓа.

4. Тајлер Џејмс Вилјамс

Тој отворено вели за себе: “Јас сум добар за три работи, правење на сендвичи од пржена сланина, бирање на добри филмови и правење на пари. И во правое е; Тајлер добива 1,2 милиони долари за секоја сезона од Сите го мразат Крис, популарната серија создадена од Крис Рок. Тој е најмладиот актер што ја добил NAACP наградата за исклучителен актер во комична серија. Младиот актер вели дека ја имасовршената реченица за да ги откачи насилниците на игралиштето: “Јас заработувам повеќе пари во една недела отколку што ти ќе заработиш во целиот живот. Тоа веројатно не е вистина, но тие нема да знаат “.

5. Дакота Фенинг

По потресната улога во Јас сум Сем заедно со Шон Пен на само 7-годишна возраст, младата актерка го почна патот кон ѕвездите. Таа сега заработува 4 милиони од филм. “Таа може да го носи филмот, а носи заработка во кината”, велат од нејзината агенцијата за нејзиниот исклучителен талент.  Работи и како модел во рекламите на ГАП и Марк Џејкобс, во исто време глумејќи во безброј филмови, Војна на световите, Мачка во шапка, Градски девојки, Криенка и Девет животи.Веќе прифаќа и посериозни и поконтроверзни улоги како на пример улогата во Самрак: Млада месечина.

6. Ангус Ти Џоунс

Овој талентиран комичар, познат по улогата на Џејк Харпер заедно со ѕвезди како Чарли Шин во серијата Два и пол мажи заработува неверојатни 1,2 милиони по сезона, вбројувајќи го во еден од најбогатите половина мажи во светот, на возраст од само 16 години. Тој, исто така, се појави во различни филмови, како Рушејќи ја куќата со Квин Латифа и Стив. Ангус го направи своето филмско деби на шест години, и оттогаш се движи само нагоре. Едно нешто е сигурно, 16-годишникот сигурно има огрома касичка прасичка.

7. Алисон Ејмс

Ова дете сензација навистина се издвојува од останатите. За разлика од другите богати деца прикажани во нашата галерија, овој инспиративна млада дама ги должи своите пари на добриот осет за бизнис. На 19-годишна возраст, Ејмс веќе направи сопствен бизнис, пекарница наречена Земјата на чудата, во сончевата област Њупорт Бич, во Калифорнија, создавајќи земја на фантазијата од тортици, колачи, уметнички торти и чудесни подароци. Таа ја има напишано најпродавани детска книга базирана на “Мечка во Земјата на чудата” и се подготвува за светско лансирање на брендот Земјата на чудата. Ејмс започнала со готвење на 5-годишна возраст и беше прогласена за најдобар млад готвач во Америка на 17-годишна возраст, а во 2008 година ја доби наградата за најуспешен бизнис во Калифорнија. Нејзините клиенти се Барак Обама и Вупи Голдберг.

8. Ванеса Хаџенс

Патот кон славата за 18-годишната убавицазапочна со улогата на Габриела извонредно успешниот филм Средношколски мјузикл заедно со нејзиниот вистински дечко Зак Ефрон. Иако глумеше во филмовите Тринаесет и Молњи пред тоа, Средношколски мјузикл е филмот кој ја направи прпознатлива, и и обезбеди улоги во серија на филмови кои и обезбедија заработка од 1,6 милиони долари. Ја гледаме и како заштитно лице на Неутрогена. За жал нејзината имиџ на добра девојка беше извалкан откако две колекции на послободни слики се најдоа објавени на интернет, но таа и понатаму останува тин идол.

 

9. Браќата Џонас

Сензационалната музичка тројка е глобална велесила и најжешкот тинејџ бенд во Америка. Составена од тројцата браќа Ник, Џо и Кевин 20, во 2007 триото успеа  да заработи 12 милиони долари од продажба на плочи, турнеја и малопродажба, а нивните приходи отогаш само се зголемуваат. Иако се шпекулираше дека размислуваат за купување на 10 милиони долари вредна палата во Њу Џерси, браќата решија да донираат 10% од нивната заработувачка во добротворни цели во фондацијата на Ник – Промени за децата, како и да приредуваат редовни добротворни настапи.

10.Марија Шарапова

Руската убавица и тениска ѕвезда Марија има акумулирано богатство на 23 милиони долари за време на нејзините тинејџерски години благодарејќи на работата во рекламниот бизнис и секако на нејзините победи на турнири. Таае најбогатиот женски тенисер на светот, а се смета и дека е една од најубавитеНејзини спонзори се и Најк, Канон, Моторола, Колгејт, Палмолив и Пепси. Марија брзо ги троши парите и купи Range Rover и убава куќа во Менхетен Бич во Калифорнијауште кога имаше само 18. Млада, валкано богата и убави, нејзе многумина и завидуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber